Cached version of: www.soros.org.mk (Macedonia) Show the rank of www.soros.org.mk, or visit it (external link) Title: "FOSIM Web Site"
Body: Настани и новостиАрхива 2004Архива 2005Архива 2006Архива 2007Архива 2008Архива 2009Архива 2010Архива 2011 Календар на активностиПрограмиЗа ФондацијатаКонкурсиПубликацииПартнери и донаториИзвештаиОтворени писмаЛинковиКонтакт-информацииМапа на сајтот Фотографии од настаниEvent photos Списание ФОКУС Календар на активности - ЗБОРНО МЕСТО ВО ШТИПВ четврток, 10 февруари 2011 година, во 19 часот во Радио кафе Канал 77 во Штип (ул. „5-та Партиска Конференција“ бб, населба Сењак 2) ГЕМ ќе одржи јавна дебата за состојбите и перспективите на Република Македонија. На дебатата со граѓаните ќе разговараат Роберто Беличанец, Мерсел Билали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски. - ПРОМОЦИЈА И ДЕБАТА„Црна книга“ – документ на македонската јавна сцена во 2009 годинаФИООМ и Центарот за развој на медиуми на 11 февруари (петок), 2011 година, во ГЕМ клубот во старата скопска чаршија, организираат промоција на изданието „Црна книга“, со почеток во 12 часот.„Црната книга“ претставува запис, документирање на промените кои се случуваа на јавната сцена во текот на 2009 година. Документирањето на настаните е направено од дискурсот на употребата на јазикотговорот кој го употребуваа сите учесници во јавниот живот, кои се изразуваа во и преку радиодифузните и печатените медиумите како и сите учесници во новите медиуми и социјалните мрежи на Интернет. - Архива на календарот на активности Настани и новости За основачот на Фондацијата Отворено општество ПОКАНА Медиумската војна и крахот на новинарството тема на „Зборно место“ Беспоштедната медиумска војна е слика и прилика на политичката војна во Македонија Актуелните состојби во македонското новинарство и проблемите со кои е соочена медиумската сцена беа тема на седумнаесеттата дебата од циклусот јавни разговори „Зборно место“, одржана на 3 февруари 2011 година.Како што нагласи домаќинот на дебатата, Роберто Беличанец, повод за средбата беше содржинската анализа на известувањата на медиумите во Македонија за случаите „А1“ и „МПМ“ од комуникологот Сеад Џигал. Анализата, следејќи ја професионалноста во известувањето на медиумите за т.н. случаи А1 и МПМ, во периодот од 25 ноември до крајот на декември минатата година, покажува дека почитувањето на вистината и точното информирање на јавноста, како професионални новинарски начела сериозно се прегазени. Медиумите, наместо да ја информираат, ја убедуваа публиката со реторички средства и техники за манипулација. За Беличанец, поразителен е фактот што македонските информативни медиуми наместо „кучиња чувари“ на демократијата, се сведени на нивото на „пци на пропагандата“ на политичките центри на моќ. Кога медиумите, како еден од носечките столбови на плурализмот, не ја вршат својата функција, тогаш треба да се запрашаме во која насока се движи нашето општество. За Беличанец, самото отворање на темите за заштита на слободата на медиумите е сигнал дека демократијата во општеството е загрозена, а времето за водење интелектуални дебати веќе поминало.Сеад Џигал смета дека во моментов македонските медиуми како да не се свесни за својата поширока општествена улога, а нивниот краен дострел не е објективното информирање туку продукција на содржини за моќните нарачатели. Едновремено, не само што не ја исполнуваат својата општествена улога, туку со својата бројност медиумите ја маскираат реалноста и формално демонстрираат постоење на демократија, смета Џигал. Штетата е уште поголема кога ќе се земе предвид фактот дека медиумите наместо објективна информација нудат пакет селектирани информации наменет за убедување, а тоа го прават без никаков интерес кон потребите на публиката. А публиката, во моментов инертна и подложна на манипулации, не реагира на таквото ниско информативно ниво.Џигал смета дека причините за ваквата состојба не се само економски, туку и културолошки, а свој придонес има и ниското ниво на уредувачката политика. Според него, излез од оваа ситуација е можен само преку редефинирање на елементарните нормативи во новинарството, примена на законите, саморегулација во новинарската и медиумската сфера и медиумско описменување на публиката.Дел од учесниците на дебатата не се согласија дека во моменталната беспштедна медиумска војна сите медиуми треба да се третираат исто, и од нив треба да се бара и очекува високо ниво на професионалност. Во време кога медиумите отворено се поделени во два спротивставени табора, режимски и антирежимски, вистината, професионалноста и објективната информација стануваат споредни. Сепак, сите учесници на дебатата, се согласија со ставот дека медиумската војна е само одраз на беспоштедната политичка војна, која во моментов се води во Македонија.МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО Дебата: Медиумската војна ја намалува довербата кај публиката Во светло на актуелните случувања на македонската медиумска сцена, а по повод објавувањето на резултатите од мониторингот на медиуми посветен на информирањето за случаите А1 и МПМ, спроведен од НВО Инфоцентарот и Центарот за нови медиуми, на 3 февруари во ГЕМ клубот, се одржа дебатата „Медиумската војна ја намалува довербата кај публиката“. Според комуникологот и автор на анализата,Сеад Џигал, генерална оцена е дека почитувањето на вистината и точното информирање на јавноста, како првенствени професионални начела на информативните медиуми, беа сериозно прегазени. Роберто Беличанец истакна дека последниве случувања на македонската медиумска сцена се врв на актуелниот политички и медиумски систем. Во моментов, медиумите не информираат туку мобилизираат, а тоа го прават под превезот на т.н. правна држава. Распаѓањето на уредувачката политика, според Беличанец, исто така има своја улога во сведувањето на медиумите на политички пропагандни инсталации.Насер Селмани, Претседателот на Здружението на новинарите во Македонија, се согласи со ставовите на Беличанец, но истакна дека за моменталната состојба на медиумската сцена мора да се земе предвид и дваесетгодишниот политички притисок, од сите досегашни влади, која ги направи медиумите политички зависни. За Селмани, случувањата во А1 се само врв на долгогодишните проблеми. Сепак, медиумите и новинарите не смеат да се апсолвираат од одговорност и веќе е време, преку саморeгулација, да почнат да решаваат дел од проблемите.Љупчо Зиков од Капитал смета дека теба да започе сериозна дебата за клучните прашања на медиумската сцена, но не во Собранието, туку во новинарскиот двор. Економската зависност и концетрацијата на политичката моќ во медиумите се вистинските проблеми кои сега резултираат со ниски стандарди во новинарството.За Тамара Чаусидис од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници, актуелните случувања се само врв на долгогодишните проблеми и притисоци. „Тешко е да се аплицираат професионални стандарди во време на пропагандни кампањи. Вистинското прашање е како да престанеме да бидеме жртви и работите да ги преземемe во свои раце. Политичката еманципација тешко се остварува во време на несигурни социјални услови“ истакна Чаусидис. Учесниците беа согласни во ставот дека медиумите се во криза, а тоа резултира со драстичен пад на довербата кај публиката. Аљоша Симјановски од МРТВ не се согласи со оваа теза и смета дека публиката зрее и нема пад на добербата во медиумите.Проекција на „Нашите во Стамбол“ во ГЕМ Иселениците во Истанбул – жива слика на нашето историско минато Во рамки на циклусот „Зборно место“, на 27 јануари 2011 година, беше прикажан антрополошкиот документарен филм „Нашите во Стамбол“ во режија на Елизабета Конеска. Во 34-минутниот филм прикажана е заедницата на Македонци кои повеќе од сто години живеат во Истанбул.Според домаќинот Драги Ѓоргиев филмот е извонреден приказ на една мала и затворена православна заедница од седум генерации која живее и работи во Истанбул. За Ѓоргиев тоа е заедница на која не можете да и наметнете било чиј балкански идентитет. Осврнувајќи се на делото и неговиот наслов авторот на филмот, Конеска, истакна дека зборот „нашите“ е даден бидејќи тие луѓе можат да бидат сечии. „Нашите ги именував бидејќи тие можат да бидат сечии. Но сепак тие се жива слика на нашето историско минато, и самите тие знаат кои се и каде припаѓаат. А според мене тие најмногу припаѓаат токму таму. Сепак се работи за заедница која веќе седма генерација е во Истанбул, и иако е затворена православна заедница, сепак има прифатено доста навики и обичаи од тамошната муслиманска култура“, заклучи Конеска.Филмот е сниман во 2009 и 2010 година, а го документира животот на неколку семејства кои главно потекнуваат од Егејска Македонија и чии предци од економски причини емигрирале во Истанбул околу 1900-тата година. Филмот е 13-то дело на Конеска, која патем е добитник и на неколку меѓународни награди, додека снимател е Роберт Јанкулоски, директор на Македонскиот центар за фотографија.ПРАВНА ПРОГРАМА Прво јавно сослушување за случај на вонправни екстрадиции на ЦИА што ќе се одржи во Македонија Во петок, на 4 февруари во 9:30 часот, врвен истражувач за човекови права, Клара Гутериџ, ќе сведочи на суд во корист на тужбата поднесена против Владата на Македонија од страна на Калед ел Масри, жртва на програмата за вонправни екстрадиции на ЦИА. Ова ќе биде едно од првите отворени сведочења на суд за случај на вонправни екстрадиции. Клара Гутериџ, соработник на Иницијативата за правда при Институтот отворено општество и реномиран експерт за вонправни екстрадиции, ќе ги опише наодите од нејзината истрага во „рутата на вонправната екстрадиција“ на ЦИА која беше користена за трансфер на Калед ел Масри и граѓанинот на Обединетото Кралство, Бинјам Мохамед, во таен притвор. Во соработка со групата за човекови права Reprieve со седиште во Лондон, Гутериџ објави детали за рутата на летање и за престојот на тимот на ЦИА во Палма де Мајорка, Шпанија – пауза за одмор и рекреација во рутата. Бидејќи судовите во САД одбија да го разгледаат случајот на Ел Масри и другите, користејќи ја доктрината за државна тајна, судските постапки во Скопје ќе понудат редок јавен увид во тајната програма на ЦИА. На крајот на 2003 година, македонските агенти го киднапирале Ел Масри, германски граѓанин од автобус и 23 дена го држеле во заложништво без судски налог, обвинувајќи го дека е член на Ал Каеда. Тие потоа го предале Ел Масри на тимот за вонправни екстрадиции на ЦИА, кој пак го одвел во Авганистан, каде бил притворен и измачуван четири месеци. И покрај обемните докази за нивната соработка, владите на САД и на Македонија јавно негираат каква било вклученост во неговото киднапирање. Иницијативата за правда при Институтот отворено општество исто така поднесе тужба во име на Ел Масри пред Европскиот суд за човекови права. За основни информации, погледнете ја веб-страницата со резимето на случајот, Ел Масри против Македонија.ПРАВНА ПРОГРАМА „СОНУВАМЕ ДА ПАТУВАМЕ“ - Анализа на студентската и академската мобилност преку алатката: слободен пристап до информации Младински образовен форум (МОФ), со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 27.01.2011 година, во ЕУ Инфоцентар, одржа јавна трибина на која ги презентираше резултатите од истражувањето на тема “Мобилност на студенти и академски кадар”. Овие резултати се публикувани во брошурата “Сонуваме да патуваме”.Истражувањето беше спроведено преку 420 испратени барања за слободен пристап до информации до институции кои се иматели на информации од областа на високото oбразование. Мобилност на студенти и на академскиот кадар е една од најзначајните постулати на Болонската декларација и како таква МОФ смета дека е многу битна за унапредување на квалитетот на високото образование.Заклучок кој произлезе од спроведеното истражување е дека мобилноста на студентите и на акдемскиот кадар во Р. Македонија е на многу ниско ниво. Исто така, резултатите од истражувањето укажуваат дека: сеуште има факултети на кои ниту еден студент не искористил некоја од програмите на Европска Унија за мобилност, факултетите немаат унифицирани критериуми со кои би се врашела селекцијата за студенска и академска мобилност, отсуствуваат промотивни активности од кои студентите би можеле да се информираат за мобилноста.На темата свое видување даде проф. Д-р Зоран Поповски кој изјави “МОФ уште еднаш докажува дека е совеста во високото образование. Ова истражување потсетува дека Болоња не е фикција, туку реалност која треба да се креира и преку мобилноста на студентите и академскиот кадар како услов за унапредување на квалитетот во високото образование. Во брошурата се поместени бројни согледувања и препораки, како мобилноста да се претвори во алатка за интернационализација на високото образование и науката.”Повеќе информации можете да прочитате на http:mof.org.mkindex.php?id=170&sodr=vestЗборно место #15 Вистинските тутунари беа пред Собранието За политичките апсења и притисоците врз водачите на незадоволните граѓани се разговараше на 15-тата дебата од циклусот „Зборно место“ одржана на 20-ти јануари 2011 година во ГЕМ клубот. Гостите на дебатата, битолските земјоделци Кире Неделковски и Душко Илиевски, преку своите лични искуства ги објаснија различните видови притисоци од страна на власта, само затоа што се дрзнале јавно да проговорат за проблемите на тутунарите, односно млекарите. Водејќи ја дебатата домаќинот Жарко Трајаноски, во неколку наврати се повикуваше на извештаи на Хелсиншкиот Комитет во кои се осудува притисокот врз поединци кои се водачи на групи незадоволни граѓани. Осврнувајќи се на протестите од 18-ти јануари, лидерот на тутунарите Кире Неделковски истакна дека вистинските тутунопроизводители биле пред Собранието, но и дека поради притисоци од страна на полицијата само од Пелагонија биле задржани околу 3.500 луѓе кои тргнале на протест пред Собранието. На прашањето дали добива закани, Неделковски рече дека скоро секој ден е повикуван во полициска станица, а закани добива од анонимни лица, кои и покрај пријавувањето во полиција сè уште се неоткриени. Слично искуство сподели и млекарот Душко Илиевски против кого во моментов се води судска постапка за одгледување марихуана. Според Илиевски, за две години над 30 пати бил повикуван во полиција, а уште толку пати во неговиот дом доаѓале службени лица. Досега тој има платено неколку глоби, меѓу кои и онаа за навреда и клевета кон премиерот. Според него, притисоците кои тој ги трпел се одразиле врз неговото семејство, но и врз другите млеко-производители кои уште по првите полициски притисоци се откажале од натамошно протестирање. Политичката поделеност исто така беше опфатена во дебатата. Неделковски истакна дека пред протестот во Скопје побарале поддршка од скоро сите партии, но ниту една отворено не застанала зад нив. Правејќи компарација со протестот пред седиштето на СДСМ, Неделковски порача дека вистинските тутунари биле пред Собранието.Освен за притисоците, Трајаноски ги праша гостите и за тоа дали имало обиди за поткуп на водачите на тутунарите и млекарите, на што и двајцата дадоа позитивен одговор. „Пред некое време ми се јавија и ми понудија 50.000 евра да се повлечам, пред тоа имав понуда целиот мој тутун да го продадам по цена од 208 денари, што не ја прифатив“’ изјави Неделковски. И Илиевски изјави дека и нему му било понудено откуп на долгот со цел да се повлече, но тој не прифатил, по што и почнале притисоците.ПРАВНА ПРОГРАМА Коментари на предлог законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Фондацијата Институт отворено општество – Македонија смета дека Предлог законот за измена и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција е исклучително штетен и опасен со оглед на тоа дека се коси со Препораките на Советот на Европа и Одлуката на Уставниот суд со која се забранува спроведување на процесот на лустрација по независноста на РМ и утврдувањето на демократското уредување на државата. ФИООМ смета дека постои ретроактивното дејство на Предлог законот и негирање на постоењето на демократските институции на државата по донесувањето на Уставот на РМ на 17 ноември 1991 година. За нас, лустрацијата треба да значи процес на справување со минатото, со цел да се одбележат и отстранат можностите за натамошно кршење на човековите права во актуелниот општествено политички систем, а не справување со актуелните политички опоненти. Како најпроблематични измени од Предлог законот ги издвојуваме: - Вклучувањето на лицата кои биле носители на јавна функција, а не се починати е неоправдано и го ограничува уставното право на граѓанинот да учествува во вршење јавни функции ; - Решението со кое повторно се враќа на сила неуставна одредба 5 лустрацијата да важи и по независноста на РМ и конституирањето на РМ како демократска држава; - Член 6 со кој се предвидува за лица кои ќе бидат опфатени со Законот да се сметаат и вршителите на функции и овластувања во други организации и дејности и служби од јавен карактер регистрирани согласно закон, бидејќи е недоречен и прешироко го регулира и така широкиот опфат на Законот; - Измените кои се прават во членовите 31, 32 и 33 со кои се задолжуваат Македонската академија на науките и уметностите, Високообразовните установи, радиодифузните друштва и друштвата од областа на печатените медиуми, адвокатскта комора и комората на медијатори да предвидат дополнителни услови преку подзаконски акт, со што овие субјекти се ставаат во понеповолна и дискриминаторска положба во однос на сите други органи при кои вршат јавна функција лицата опфатени со членот 5 од Законот. - Недостатоците во постапката – Комисијата треба да ги предупреди кандидатите и носителите на јавни функции во случај на пропуштање на рокот за поднесување изјава и да ги информира дека во спротвно ќе донесе решение за неиполнување на условите, а по службена должност ќе ги проверува фактите заради утврдување несоработка со органите на државната безбедност.
Коментарите на Предлог законот можете да ги преземете тука. (.pdf, 0.97 MB)Зборно место #14 Системот не се гради преку ноќ Процесот на перење пари, функционирањето на Управата за спречување на перење пари, како и безбедносните законски механизми, беа аспектите опфатени на 14-тата дебата од циклусот „Зборно место“, одржана на 13 јануари во ГЕМ клубот. На дебатата чиј гостин беше Ване Цветанов, а негов домаќин Владимир Милчин, присутните имаа можност од прва рака да се запознаат со појавата и процесот на спречување на перење пари.Објаснувајќи што точно значи терминот перење пари, како и функционирањето на Управата за спречување на перење пари, Цветанов, поранешен директор на оваа институција, ги презентираше успесите за времето на неговото директорување. Според Цветанов, Управата постигнала значаен напредок во делот на собирање и анализа на податоците, но слабата соработка со останатите институции поврзани со оваа проблематика (УЈП, МВР, Финансиска полиција), како и лошиот третман од власта, преку кратење на буџетот, се причините поради кои не можат јасно да се забележат резултатите од работата на Управата. Владимир Милчин во своето излагање истакна дека Цветанов е човек кој се обидел да изгради независна и силна институција, но се соочил со моќно владино влијание кое не дозволувало самостојно функционирање на Управата. „Ако сакаме напредок, нема друг начин освен борба за институции кои ќе имаат интегритет и кои ќе бидат изградени од компетентни личности“ заклучи Милчин.Со ова се сложи и Цветанов, нагласувајќи дека системот не се прави преку ноќ. „Системот не се гради кога некоја партија ќе дојде на власт. Напротив, се прави платформа, се прави систем, се нудат програми и се организираат дебати кога партијата е во опозиција. Потоа, кога партијата ќе дојде на власт има период од два до три месеци за носење законски решенија, уште неколку месеци за да стапат во сила, и веќе после една година системот да почне да функционира“ истакна Цветанов.Претставена дигитализираната колекција на списанието „Фокус“ Списание избришано од колективната свест На промоцијата одржана на 24-ти декември, беше претставена дигитализираната колекција на младинското списание „Фокус“ издавано во периодот од 1969 го 1972 година.Во воведниот дел од промоцијата, предлагачот и истражувач во проектот, Мила Шопова, ги објасни мотивите и целите за дигитализацијата на „Фокус“. „Фокус не треба да се толкува само од аспект на отпорот кој го предизвикува. Важноста на Фокус не е во неговата инструменталност, туку во неговата перфомативна димензија, во неговата севкупност и поврзаност со други настани и појави. Читањето само на отпорот, или она што од денешен аспект наликува на отпор само ќе го продолжи униформното и есенцијализирано толкување кое се појавило на почетокот.“ - оцени Шопова. Според интервјуата во нејзиното истражување, младинското списание „Фокус“ се доживува како една од првите авангардни појави во бурната деценија на 60-тите години од минатиот век. Осврнувајќи се на мотивите, Шопова истакна дека „Фокус“ е избришан од колективното сеќавање, но и од сеќавањето на самите автори, па оттука и предизвикот да се дигитализираат и споделат 48-те броеви на „Фокус“.Во вториот дел од промоцијата, свои излагања имаа и тогашните автори во „Фокус“. Особено внимание се посвети на броевите 8, 43 и 47 за кои поради критките настроени кон тогашниот естаблишмент, списанието било повлекувано и препечатувано за на крај да биде целосно укинато. Беше раскажан процесот на затворање на списанието како и за судбината на бројните членови на „Фокус“ кои во тоа време на возраст од околу 20-тина години се обиделе да му пркосат на културниот и политичкиот естаблишмент. За Александар Чомовски, „Фокус“ треба да се гледа како дел од тогашниот студентски бунт, и дека тогашниот тим направил успешна компилација на креативност во полето на културата, истакнувајќи ги бројните преводи на тогаш актуелни европски писатели. Сите присутни се согласија дека текстовите, но и графичките решенија во „Фокус“ се дел од младешкиот слободарски дух, кој во „бурните 60-ти“ се јавува на тлото на Македонија.Две години од почетокот на проектот, денес успешно се дигитализирани сите 48 броја на списанието и можат да се читаат преку веб страната на ФИООМ. Освен дигитализација, направено е и оптичко препознавање на карактерите кое овозможува пребaрување на целокупната содржина на „Фокус“.Зборно место #13 Викиликс – дигитализиран активизам Феноменот на Викиликс и моќта на информациите во денешното општество беше тема на дебатата „Викиликс - револуција или балон?“ одржана на 23-ти декември во ГЕМ клубот. Домаќин на дебатата беше Никола Гелевски, а негови гости, Сеад Џигал и Филип Стојановски.Во својата анализа, Сеад Џигал ги подели ефектите од Викилис на две нивоа. „Првото ниво е политичкo, а второто е технолошко. Во однос на политиката скептик сум дека може да има некое поголемо влијание. Односно, Викиликс може да му го загорчи животот на претседателот на Кенија, но не и на Хилари Клинтон. Но од друга страна можни се тектонски поместувања во технолошка смисла. Викиликс е крах на активизмот. Барем на оној физички активизам кој го знаеме, а наместо него се јавува еден нов дигитализиран активизам“, истакна Џигал. Филип Стојановски се согласи дека се јавува еден нов вид активизам. „Видовме дека целата структура е нешто подзатскриена, и се јави свесно организирана група луѓе која поттикна други групи, како „Анонимусите“, да спроведат некои сопствени идеи. Сведоци сме дека се случија чекори на активизам кои можат да нанесат штети, кои пред сé се финансиски“, оцени Стојановски.За Гелевски, Викиликс ги стави на тест дипломатијата и новинарството како професии. Според него во последно време се спинуваат информации, па наместо објавување документи за операциите во Ирак и Авганистан, се пласираат некои тривијални информации кои немаат големо значење.Запрашани за тоа како ќе се одразат ефектите од информациите на Викиликс за македонските политичари, гостите со заеднички став дека тие нема многу да променат. „Кај нас Викиликс ќе послужи само за препукување меѓу политичките партии и нема да донесе некоја позначајна промена“, смета Џигал. За разлика од него, Стојановски потсети на некои локални објавувања на информации на интернет со кои сериозно се прекрши заштитата на личните податоци.Во вториот дел од дебатата, во полемизирање со публиката можеше да се увиди големиот скептицизам за улогата на Викиликс. Размислувањата главно беа насочени кон тоа дека Викиликс е појава која целото внимание го насочува кон начинот на објавување на информациите, но не и нивното значење, па имаше и такви заклучоци кои тврдеа дека информациите кои се објавени се стари и бескорисни и одат на штета и на дипломатијата и на самите држави.Седми квартален извештај од мониторингот на јавните набавки во РМ Скопје, 21 декември 2010 Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија денес го објавија седмиот квартален извештај со резултатите од мониторинг на јавните набавки на централно и на локално ниво во периодот од јули до септември 2010 година каде се констатираат следниве клучни наоди: • Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Оваа погрешна примена на Законот за јавни набавки го зголемува сомнежот на компаниите за нерегуларности.• Трендот на намалувања на конкуренцијата во постапките за јавни набавки продолжува. Во дури 47,5% од мониторираните тендери во овој квартал, понуди доставиле само една или две компании.• Поништени се 22,5% од мониторираните постапки. Од 2008 до 2010 година за 2 ипол пати е зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените.• Дел од договорните органи не го почитуваат новововедениот законски рок задонесување одлука за избор на најповолна понуда. • Договорните органи нема да успеат да го исполнат законски предвидениот минимум за годинава – за 30% од набавките да спроведат електронска аукција, како ефикасен механизам за заштеда на јавните пари. Заклучно со септември, со електронска аукција завршиле само 11,6 % од објавените огласи за јавни набавки.• Трендот на пораст на договорите склучени без објавување оглас продолжува. Во овој квартал, преку непосредни договори се потрошија 574 милиони денари (9,3 милиони евра), што е за 14% повеќе од истиот период минатата година.• Продолжува зачестеното користење на елементот ,рок на плаќање‘, што ги принудува фирмите да нудат рокови на наплата на фактурите од договорите за јавни набавки и до 300 дена.Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости, како и споредбени прикази за начинот на којшто две важни прашања од јавните набавки се регулирани во земјите од регионот – правото на увид во документите од јавните набавки и паричните санкции за прекршоците поврзани со јавните набавки.Седмиот квартален извештај од мониторингот на јавните набавки може да се преземе овде, а истиот е достапен и на интернет страницата на Центарот за граѓански комуникации www.ccc.org.mk.За повеќе информации може да се обратите во Центарот за граѓански комуникации на center@ccc.org.mk или на (02) 3213-513.ТРАНСПАРЕНТНА И ЕФИКАСНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА Презентирана „Компаративна анализа за спроведувањето на децентрализацијата“ Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) на 17 декември 2010 година ја презентираа „Компаративната анализа за спроведувањето на процесот на децентрализацијата во областите финансии, урбанизам и образование (2008-2009)“. Анализата е дел од активностите на проектот „Набљудување на спроведувањето на процесот на децентрализацијата“, кој ФИООМ и ЦРЛД го спроведуваат во соработка со 12 партнер – општини. Присутните претставници на општините имаа можност да ги слушнат и продискутираат наодите од спроведената анализа, која преку специфична методологија овозможува мерење на т.н. Индекс на децентрализацијата, добиен преку анализа на податоците собрани од 12 партнер - општини. Клучните наоди од анализата се следниве:- Општото ниво на спроведувањето на децентрализацијата во 2009 година е послабо во однос на 2008 година,- Од финансиски аспект, 2009 година била понеповолна за општините од 2008 година,- Од трите анализирани области, само во областа образование има напредок во спроведувањето на децентрализацијата во 2009 година во споредба со 2008 година, додека во областите финансии и урбанизам, резултатите во 2009 година се послаби во споредба со 2008 година. Генерален заклучок кој произлегува од анализата е дека најзначајниот фактор за успешна децентрализација е обезбедувањето поголеми финансиски средства и механизми на општините и дека за поуспешно спроведување на надлежностите пренесени на локално ниво потребна е поголема слобода во однос на централната власт.Дванаесетта дебата од Зборно место Новинарите да престанат да бидат топовско месо Проблемите, поделбата и нискиот професионален стандард во новинарството, но и предизвиците за нивно решение беа повод за дванаесеттата дебата од циклусот Зборно место насловена како „Иднината на македонското новинраство“, која се одржа на 16-ти декември. Разговорот го водеше Бранко Героски од ГЕМ со неговиот гостин, неодамна избраниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани. Во воведот, Героски нагласи дека во неговата долгогодишна кариера, досега не се случило да се организира широка и масовна дебата која барем ќе поттикне на промени во новинарството, што според него беше случај и со оваа дебата, алудирајќи на објективно малиот одзив на присутни гости.Запрашан за актуелните случувања помеѓу одредени медиуми и новинари и што тој како претседател на ЗНМ ќе преземе за надминување на таквите негативни појави, Селмани најави дека ќе оствари контакти со претставници на сите медиуми, но и на најголемите политички партии, со цел да дојде до обединување на новинарската фела. „Вчера имав средба со претставници на владеачката партија, на која ми беше кажано дека во блиска иднина ќе бидат повлечени сите напади врз одредени медиуми и новинари. Утре ќе се сретнам со луѓе од најголемата опозициска партија, и верувам дека и тие ќе имаат сличен став. Од понеделник пак, ќе ги посетам сите медиуми, со цел да им укажам да престанат со навредите и препукувањата, да престанат да бидат топовско месо на политичките партии. Наместо етикетирање да се обидеме преку аргументирана дебата да ги надминеме несогласувањата“, нагласи Селмани.На ова се спротивстави Героски со аргументот дека ова е држава во која власта врши репресија врз медиумите, а новинарството е преполно со „пропагандисти на привремена работа како новинари“. „Мал број луѓе, со години, од позиција на моќ, малтретираат новинари. Им се закануваат, ги влечат по судови. Нема обединување на луѓе кои мислат како мене со оние кои бараат наша физичка ликвидација“, возврати Героски. Понатаму, осврнувајќи се на заштитата на новинарите, Селмани порача дека гласот на ЗНМ ќе се слушне секој пат кога кој било ќе крене рака врз независносто новинарство. Што се однесува до зачестените тужби на новинари, но и реално лошо донесените судски одлуки против новинари, Селмани го претстави својот предлог: „Мислам дека за почеток во знак на добра волја сите новинари треба да се откажат од тужбите против други новинари, а потоа заедно од властите да побараме законски измени“.Во вториот дел следуваше активно учество на публиката која со своите коментари и забелешки придонесе за поопфатна и подлабока дискусија. Роберто Беличанец порача дека нема ЗНМ нема да постигне напредок додека не расчисти кои се професионални новинари, а кои пропагандисти, правејќи паралела со поделбите на новинарите пред 15-тина години во Србија. На ова се надоврза и Лилјана Јаковлевска, долгогодишен дописник од Белград, нагласувајќи дека ЗНМ треба да се зафати со вистинските проблеми во новинарството, за да спречи обидите за загрозување на слободата на изразување да преминат во насилство врз поедини новинари.Програма за образование на Роми Социо-економскиот статус – главен виновник за иклученоста на Ромите од образовниот процес Фондацијата Институт отворено општество Македонија во рамки на проектот „Програма за образование на Роми“, ко-финансиран од Детската фондација Песталоци, на 17-ти декември ги претстави резултатите од „Истражувањето за утврдување на причините за нередовно посетување на основното образование кај децата Роми“. Според добиените резултатиедна од причините за прекинување на образовнието на Ромите се посочува загрозената егзистенција, односно социоекономскиот статус на ромските семејства како и активното работно искуство на децата Роми, преку сезонски работи и слично, но не помала причина е и дискриминацијата и гетоизацијата на децата. Презентирајќи ги препораките од истражувањето, професорките од Филозофскиот факултет, Мариа Доневска, Наташа Богоевска и Светлана Трбојевиќ, воедно и учеснички во самото истражување, констатираа дека проблем се јавува и во високиот степен на проодност во првите пет години од образованието што доведува до опаѓање во редовното образование во повисоките нивоа на обраование. Понатаму, поради отсуство во текот на училишната година се предлага воведување на пофлексибилна училишна година за децата Роми, како и воведување на концепт на мешовити паралелки кои би го зголемиле степенот на интеграција на децата Роми. Наташа Анѓелеска, програмски директор во ФИООМ, потсети дека проектот е само дел од десетгодишната работа на Фондацијата посветена на образованието на Ромите, и дека ваквиот и сличните проекти и натаму ќе продолжат. Истражувањето било спроведено во четири општини (Куманово, Припел, Шуто Оризари и Ѓорче Петров), врз 240 истражувачки единици во периодот од 15-ти април до 15-јули годинава, при што биле интервјуирани претставници од локалната самоуправа, наставниците и стручните служби во училиштата, професионалци од Ромските образовни центри, како и ученици и нивни родители. Извештај од истражувањето за утврдување на причините за нередовно посетување на основното образование кај децата - роми (.pdf) Слoвачкиот амбасадор Роберт Кирнаг гостин на единаесеттата дебата од циклусот „Зборно место“ Не запирајте со реформите – евроинтегративниот процес мора да продолжиСличностите и разликите меѓу Македонија и Словачка на патот кон ЕУ беа тема на единаесеттата дебата од „Зборно место“ со гостинот Роберт Кирнаг, Амбасадор на Република Словачка, одржана на 9 декември во ГЕМ клубот.Домаќинот на дебатата, Владимир Милчин, во воведниот збор ја нагласи плодната соработка на македонскиот граѓански сектор со амбасадорот Кирнаг, и неговата посветеност во обидите да го пренесе искуството на Словачка на патот кон Европската Унија. Македонија и Словачка имаат многу сличности. Мали европски земји кои пред осамостојувањето постоеја во рамки на пошироки федерации и соочени со неразвиена економија по осамостојувањето. Но, за разлика од крвавиот распад на југословенската федерација, Словачка и Чешка се разделија со, навидум едноставна, политичка одлука.Според амбасадорот Кирнаг, кон крајот на деведесеттите години од минатиот век, ни во Словачка немало големо расположение, ниту пак интерес за влез во ЕУ. Но, по започнувањето на преговорите на соседните земји, како и по влезот на Словачка во НАТО, почнала да се развива политичка волја, а и доволна критична маса, за да се започнат евроинтегративните процеси. Кирнаг нагласи дека пред влезот во НАТО, Словачка била изолирана земја, без странски инвестиции и без можност за економски напредок. Како што кажа самиот, некои западни дипломати ја нарекувале земјата „црна дупка во централна Европа“, што во тоа време било навредливо за Словаците. Но, од денешен аспект, Словаците знаат дека тоа не било далеку од вистината.Вистинскиот напредок на Словачка на патот кон ЕУ се случил во 1998 година, кога јасно била постав... | |
Rankiva is neither responsible for the content of the cached version nor affiliated with the website
|
|